Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е поразен од Словачка на мечот во Братислава.

Ова беше вториот натпревар за македонските одбојкари го годинашното издание на Европската Златна лига. Откако вчера загубија од Финска со 0:3 и денеска македонските одбојкари се совладани со истиот резултат од домашната Словачка.

На почетокот на првиот сет се играше израмнето до 5-5, по што Словаците направија низа од 4-1 и поведоа со 9-6. Со втората таква серија домашните одбојкари имаа и наголеми предност од пет поени (15-10), а подоцна и 18-13. Тука веќе беше јасно дека Словаците ќе го добијат сетот, а тој заврши со резултат 25-21.

Во втор сет се водеше поголема борба. Жолто-црвените беа во игра се до самата завршница односно 22-22, а тогаш падна концентрацијата. Му дозволија на противникот три поени во низа, за да го добие сетот со 25-22, за водство од 2:0.

Третиот сет Словаците го отворија со 5-0. Таа предност ја имаа до 8-3, по што нашата селекција направи пресврт и поведе 8-9. Минимално водство македонските одбојкари имаа се до 13-14, по што пак противникот ја презеде контролата. Бевме во игра да освоиме сет и во самиот финиш кога имавме негатива од 24-23. Сепак домаќините ја искористија втората меч топка, го добија сето со 25-23, а мечот со 3:0.

На вториот турнир што ќе се игра на 13 и 14 јуни, македонските одбојкари ќе играат против домашната Летонија и Грција која е наш противник во квалификациите за ЕП во август месец.

Третиот турнир е во Струмица од 20-22јуни, а таму за противници Македонија ќе ги има Израел и Црна Гора.

Следете нé на социјалните мрежи