Македонија продолжува со одличните игри во Мундијалските квалификации. Освоен е „голем“ бод против топ фаворитот во групата Белгија.
Сепак, може да жалиме и за пропуштеното, но време за тоа многу нема, изјави по мечот селекторот Благоја Милевски.
„Благодарност за луѓето кои беа на стадионот денеска.
Мислам дека сите заедно заслуживме и малку повеќе од овој бод, но нема многу време за прослава или славје, тоа е еден, бод. Ова е веќе зад нас и мислите ни се насочени кон она што не очекува во понеделник, Казахстан“,
изјави скромно селекторот Милевски.
Што се однесува до играта која ја прикажаа неговите „пулени’“ Милевски смета дека тимскиот дух е успехот на оваа селекција.
„Во минатото и секогаш говорев и сега ќе кажам, дека Македонија може да биде силна само како тим. Одредениот индивидуален квалитет што го поседуваме, кога е во функција на тимот, едноставно не може да изостане успехот за оваа Македонија. Тоа го видовме и денеска, што ме прави задоволен.
На денешната натпревар го имавме тој фактор плус, што ми недостасуваше во последните секунди против Велс. Но нема да се навраќаме повеќе на овој меч“, заклучи Милевски.
Следниот предизвик за Милевски и неговите избраници е Казахстан, веќе во понеделник во 16 часот.






































