Одбојкарските селекции на Македонија и Хрватска повторно одиграа четири сета и во вториот пријателски натпревар во „Драш спорт“ во Марибор.
Дуелот кој имаше тренинг карактер и се играше зад затворени врати, заврши со по два добиени сетови 2:2 ( 25:22, 20:25, 25:22, 31:29).
За разлика од првиот, кој противникот го доби убедливо, Македонија денеска покажа многу подобра игра во сите елементи.
Селекторот Јошко Миленкоски повторно комбинираше со тимот и им даде шанса на сите репрезентативци кои ги има на располагање во Марибор. Тоа впрочлем и беше целта на овие два натпревари.
Натпреварите со Хрватска беа и единствената проверка за македонските одбојкари пред стартот на новоти издание на Европската Златна лига и првиот турнир во Братислава.
Репрезентацијата утре се враќа од Словенија, а од вторник продолжува со подготовките во Струмица. Таму е база за подготвува и во следниот период до патувањето за Словачка. Првиот турнир ќе се играа од 6 до 8 јуни.

































