Младинците на Брера се победници на Купот на Македонија. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје во финалниот натревар слева убедлива победа од 4:0 против врсниците на Брегалница.
Во самиот финиш на првото полувреме, во 45. минута Бобан Кузмановски погоди за 1:0. Истиот фудбалер во 48. минута ја зголeми предоста на струмичани. Во 56. минута гол постигна Давид Ристовски за 3:0, додека во 83. минута со автоголот на Дарко Митев беше постигант конечниот резултат.
Пехарот и медалите ги додели техничкиот директор на младите селекции на Македонија и нашиот поранешен репрезентативец, Ѓорги Христов.

Потсетување дека претходно и пионерите на струмичката екипа се закитија со трофејот во Купот.
Тие благодарение на голот на Матеј Сејменов, во финалето го победија битолски Пелистер со 1:0.






































