Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во 18 часот го игра последниот натпревар од групата 1 за квалификациите за Европското првество 2026. Противник ни е репрезентацијата на Литванија.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа квалитетен натпревар во четвртокот во Талин и ја надиграа репрезентацијата на Естонија што треба да биде одлична најава за формата на нашата репрезентација за дуелот со Литванија. Но, поразот од Литванија од два разлика (29:27 во Каунас) уште боли и потсетува дека не смее да има опуштање. Сепак реномето на Литванија во ракометот не е како на Македонија особено што македонските репрезентативци од 2012 година постојано се учесници на големите натпреварувања. Токму тоа е и обврската да се продолжи низата на учества.
За пласман на Европското првенство јасно е дека потребна е победа од два и повеќе разлика, со тоа Македонија ќе се изедначи со Литванија со бројот на бодови на табелата по шест. Со ист број на бодови во тој случај потоа решаваат меѓусебните дуели потенцијалната победа од два разлика ќе не носи на следниот критериум, а тоа е вкупната гол разлика. Во моментов Литванија има +5, а Македонија +4 што значи дека победа од два разлика ќе значи Македонија +6, Литавнија +3. Тоа што се однесува за борбата за второто место. Пласман на ЕП може да донесе и третото место како една од четирите најдобропласирани репрезентации од осумте групи. Но, во секој случај подобро е да се победи со два разлика и да обезбеди втората позиција.
Дуелот со Литванија ќе се игра пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“ што значи дека македонските ракометари ќе имаа голема поддршка од трибините. Почетокот на натпреварот е во 18 часот (кога почнуваат сите натпревари од последното шесто коло од квалификациите), а ќе судат Руд и Пол Гераетс, додека делегат е Герхард Рајсингер од Австрија.




































