Кошаркарите на Минесота славеа убедлива победа над Голден Стејт во вториот натпревар од полуфиналето на западот од НБА плеј-офот.
Тимбервулфс победија со 117:93 и го израмнија резултатот во серијата на 1:1.
Вориорс играа без Стефен Кари, кој се повреди на претходниот натпреварот. Неговото отсуство домашниот тим знаеше како да го искористи.
Домашниот тим брзо стекна двоцифрена предност и немаше проблеми да ја одржи во текот на остатокот од натпреварот. Вориорс не успеаја да се заканат, а ниту имаа алтернатива за Кари. Во негово отсуство Џими Батлер беше прв стрелец, но со скромни 17 поени.
За победниците, Џулиус Рендл оствари дабл-дабл со 24 поени и 11 асистенции на кои додаде и седум скока. Ентони Едвардс натпреварот го заврши со 20 поени и девет скока, а и Никил Александар-Вокер додаде 20 поени.
Следните два натпревари, во серијата подобар до четири, ќе се играат во Сан Франциско.