Петок е, внимателно го листаме новиот билтен на Златна Копачка со цел да најдеме парови кои ќе ни го направат овој предлог-тикет добитен.
Изборот се падна на шест интересни мечеви, меѓу кои е и најглавниот натпревар меѓу Барселона и Реал Мадрид, или попознат како „Ел Класико“.
Па, да го разјасниме нашиот избор.
ЛАЦИО – ЈУВЕНТУС: Гол-гол
На „Олимпико“ во Рим ќе се води директна битка за место во ЛШ. „Лацијалите“ дома редовно ја тресат противничката мрежа, а штом очекуваме од домаќините да постигнат гол, тоа значи дека и Јувентус ќе треба да се отвори.
ЖИРОНА – ВИЉАРЕАЛ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ
И двете екипи играат на голови, па очекуваме да биде 3+, но за поголем коефициент ќе чекаме барем по еде погодок во двете полувремиња.
ВУЛВС – БРАЈТОН: 2+ гола во второ
Ќе се игра порастеретено со оглед на тоа дека е финиш на сезоната. Затоа очекувањата ни се дека ќе има барем два погодоци во второто полувреме, што воедно ни одговара за повисок коефициент.
БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД: 1+ гола во прво и 2+ гола во второ
Нема многу за објаснување, ова „Ел Класико“ ќе го реши и шампионот на Шпанија. Ова ако слави Барса ќе избега на +7 бода во однос на актуелниот првак. Сите дербија на Барса и Реал сезонава завршија со многу голови, па токму тоа го очекуваме и на „Монжуик“.
ТОРИНО – ИНТЕР: Победа гостин
Откатко Интер обезбеди ново финале во ЛШ, сега целиот фокус им е кон домашното првенство. Евентуален триумф за „нероаѕурите ‘ќе значи притисок врз Наполи во трката за „Скудетото”.
НАПОЛИ – ЏЕНОА: Победа домаќин и 1+ гола во второ
Не се очекува ништо помалку од победа на тимот на Конте, но, за поголем коефициент очекуваме да падне барем еден гол и во второто полувреме. На Наполи му се потребни две победи и еден нерешен резултат во последните три натпревари за да обезбеди титула, па не очекуваме да киксне на домашен терен.



























