Екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа. Ова е епилогот по одиграните реванш полуфинални дуели во кои двата тима славеа нови победи.

Манчестер Јунајтед со 4:1 оствари голем триумф над Атлетик Билбао кој немаше многу шанса за пласман понатаму.

Стрелци на головите беа Јаурегизар за Билбао во првото полувреме во 31.та минута додека вториот дел припадна на Јунајтед. Мејсон Маунт израмни на 1:1 во 72.та минута, Каземиро зголеми на 2:1 во 80.та минута, Хојлунд во 85.та постигна гол за 3:1 и конечните 4:1 ги постави Мејсон Маунт во 91.та минута. Со вкупен резултат од 7:1 Манчестер Јунајтед се пласираа во финалето.

Тотенхем Хотспур на „жешкиот” терен во Норвешка кај Бодо Глимт и не само што преживеа туку и триумфираше со 2:0.

Стрелци на головите беа Доминик Соланке во 63.та минута и Педро Поро во 69.та минута. Со вкупен резултат од 5:1 „петлите” ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа.Финалето се игра на 21-ви Мај со почеток од 21 часот во Билбао на Сан Мемес. Иако градот домаќин неуспеа да го види својот локален тим Атлетик Билбао кој испадна од Манчестер Јунајтед во почуфиналето, сепак заслужено по сите параметри англиските тимови ќе бркаат трофеј и пласман во Лигата на Шампионите.

Едно е сигурно шампионот ќе биде од Англија, а Премиер Лигата ќе има рекордни 6 натпреварувачи во следната сезона на Лигата на Шампионите.

Кој ќе биде шампион и ќе си ја спаси релативно „сивата” сезона ќе се дознае на 21-ви Мај.