Екипите на ПСЖ и Арсенал се наоѓаат пред епска битка за место во финалето на Лига на Шампиони.
Вечерва во Париз, еден од овие два тима ќе се радува на пласман во финалето на елитното натпреварување, откако ќе го одиграат реванш полуфиналниот дуел.
ПСЖ има минимална предност од еден гол по триумфот во Лондон од 1:0. Сепак Арсенал сезонава игра фантастично токму кога е под најголем притисок.
Двата тима го „бркаат“ своето второ финале во Лигата на шампионите
Арсенал играше за трофејот во 2006 година, кога беше поразени од Барселона со 2:1 во драматичен натпревар. ПСЖ, пак, стигна до финалето во 2020 година, но загуби од Баерн Минхен со 1:0.

Францускиот шампион ПСЖ веќе ја одбрани титулата во Лига 1, а ќе играат и во финале на купот. ПСЖ беше екипа што најдолго немаше пораз во лигашите натпревари. Иако загубија два од последните три, тоа не треба да е потврда за лоша форма.
Луис Енрике има цел, нов трофеј за него, а прв за „светците“ во нивната историја во Лигата на шампионите. ПСЖ ќе сака да го обели образот на француската лига, која служи за потсмев „изминативе” години. Иако навидум не изгледаше така, парижаните одиграа цврст натпревар. Благодарејќи на Донарума, не примија гол, а може да жалат за пуштените шанси и што не победија со поголема разлика.
ПСЖ атакува на своето второ финале, откако во првото во 2020 загуби од минхенски Баерн.

Арсенал оваа сезона е чудо како и секоја. Артета продолжува со својот процес, а фановите продолжуваат да се „гласни” без разлика дали има резултати или не.
Во Премиер Лигата, Арсенал ќе направи историја како единствен тим кој завршил на 2-та позиција три сезони по ред. Иако со Арсенал сите се потсмеваа, тие го торпедираа актуелниот шампион Реал Мадрид и го исфрлија од неговото најомилено натпреварување.
Арсенал покажа дека знае како да триумфира против ПСЖ кога во лигашкиот дел од Лигата на Шампионите триумфира со 2:0.
Арсенал последен пат финале играше во 2006 кога загуби од Барселона.

Дуелот на „Паркот на принцовите” почнуваат во 21 часот, а по него ќе го дознаеме вториот патник за Минхен, во финалето на Лигата на шампионите.
Исходот од овој меч го чекаат фудбалерите на Интер кој по синоќешниот епски дуел со Барселона обезбедија финале.