Машката ракометна репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревари во квалификациите за ЕП 2026.
Со победи над Естонија и Литванија, Македонија би можела до нов настап на континентот шампионат.
Тоа секако е мотив сам посебен, но ракометарите ќе имаат и дополнителен.
Сума од 3 Милиони денари е премијата за пласман на Европско првенство.
Управниот одбор на РФМ изгласа половина од оваа сума, а другата ќе ја обезбеди Министерството за спорт.
Првиот меч Македонија ќе го играат утре во Талин против Естонија од 18 часот.
Во недела во Скопје е натпреварот против Литванија.