Во фудбалската Лига на шампиони, останаа уште четири екипи кои обезбедија пласман во полуфиналето.

Едно е сигурно, Европа ќе добие нов клупски првак. Реал нема да ја брани титулата, а ќе го нема ниту ланскиот финалист тимот на Борусија Дортмунд.

Меѓу четирите полуфиналисти две екипи го имаат освоено трофејот

Барселона е последната која триумфираше, кога во финалето во Берлин беше подобра од Јувентус. Нејзиниот противник во полуфиналето Интер е последниот што играл финале. Италијанскиот првак пред две години загуби од Манчестер Сити во Истанбул.

Парис Сен Жермен и Арсенал сеуште се немаат израдувано на трофејот. Парижаните најблиску до него беа во 2020 кога во Лисабон загубија од Баерн. Тоа е и единстфеото финале во кое играа „светците“.

И тимот на Арсенал во клупската историја има само едно финале во Лигата на шампионите. Популарните „топчии“ во 2006 година загубија од Барселона на „Стад де Франс“ во Париз.

Кои два тима ќе стигнат до можноста за трофејот во финалето закажано за во Минхен на 31 мај, останува да видиме. Реванш полуфиналните дуели ќе се играта вечерва во Милано и утревечер во Париз.

КОЈ Е ВАШИОТ ФАВОРИТ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ТРОФЕЈОТ?

AНKETA | УЕФА ЛИГА ШАМПИОНИ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА