Селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски повика 22 одбојкари за претстојните летни активности. Македонија ја чека настап во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за Европското првенство 2026.
Миленкоски се потпира на проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата. Истовремено направи и мало освежување на списокот.
Седуммина се интернационалци: браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица 47&72 и Штип УГД, кои се борат за шампионската титула во домашното првенство.
Повик добија и двајца одбојкари на Работнички 71&22. За првпат во А селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков.
Првиот собир репрезентацијата ќе го има на 15 мај во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица.


































