Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром се промовира во првиот полуфиналист на кошаркарскиот плеј-оф.
Аеродромци очекувано и денеска славеа победа над Феникс со 84-62 и со чисти 3:0 во победи ја завршија четвртфиналната серија.
Сега МЗТ Скопје ќе го чека противникот, а тоа ќе биде подобриот од дуелот МКК Куманово – Кожув.
Шанса да им се приклучат на сино-белите, уште денеска ќе имаат трите екипи кои вечерва играат на гостински терен. Тие имаат водство од 2:0 во победи, во серијата подобар до три (3).
Во терминот од 19 часот започнаа натпреварите, а ќе може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
среда / 30 април
19.00 (2) ЧАИР – ТФТ (0:2)
19.00 (3) ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0:2)
19.00 (4) КОЖУВ – КУМАНОВО (0:2)
ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ 62-84 (0:3 во победи)

































