Европа ќе добие нов фудбалски клупски шампион, откако Арсенал го елиминира актуелниот Реал Мадрид во четвртфиналето.

Англиската екипа на Арсенал и по втор пат го совлада Реал. По лондонските 3-0, Арсенал го доби и ревамш четвртфиналниот натпревар во Мадрид со 2-1.

Домаќините тргнаа офанзивно кон голот на англискиот тим. Имаше Реал повеќе од играта, но тешко стигнуваше во шанса.

А, првата ја имаа гостите. Во 12-тата минута беше досудена најстрога казна за Арсенал. По прегледување на ВАР снимката беше покажано на белата точка, Одговорноста ја презеде Бакајоко Сака, но неговиот удар Тибо Куртоа успеа да го одбрани.

Во 23-тата минута во шеснаесетинка на Арсенал беше соборен Килијан Мбапе. Судијата покажа на белата точка. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката, одлуката беше поништена.

Иако Реал постојано се обидуваше да го најде патот до мрежата на Раја, сепак тие обиди беа јалови.

Во второто полувреме, иста слика, Реал напаѓаше, а Арсенал преку брзи контри се обидуваше да се закани.

Таквата играта на лондонскиот тим му донесе и предност од 0-1 кога Сака погоди во 65-тата минута.

Но, радоста на „топчиите“ траеше само две минути, односно до 67-мата кога Винициус погоди за 1-1.

Дека тимот на Артета, знаеше што и како сака против актуелниот европски шампион Реал се покажа и во продолжението. Судбината на Реал ја запечати Мартинели во трета минута од судиското дополнение (90+3) поставувајќи ги конечните 2-1 за Арсенал.

Арсенал за противник во полуфиналето ќе го има Париз Сен Жермен.

Следете нé на социјалните мрежи