Со двата одиграни натпревари од плеј-инот, стартуваше разигрувањето во НБА лигата. По нив сезоната заврши за Чикаго и Сакраменто кои очекуваа повеќе, особено што беа домаќини во синоќешните натпревари.
Мајами Хит повторно беа кобни за Чикаго Булс и ги оставија без пласман во плејофот. Минатата сезона во финалето на плеј-ин, овој пат во полуфиналето, победувајќи во Чикаго 109:90.
Тајлер Херо го заврши натпреварот со 38 поени и пет скока, Ендрју Вигинс додаде 20 поени и девет скока, а Бам Адебајо имаше 15 поени и 12 скока.
Сега тимот на Мајами ќе игра против Атланта во кој ќе го даде осмиот патник на истокот во плеј-офот.
И Далас Маверикс славеше победа на гостински терен кај Сакраменто Кингс со 120-106. Целата работа гостите ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со 71:48.
Маверикс до победата го предводеа Ентони Дејвис со 27 поени и девет скока и Томпсон со 23 поени. За „кралевите“ Демар Дерозан постигна 33 поени со седум скока.
Далас за противник во мечот што значи пласман во плеј-офот ќе игра против Мемфис.