Откако вчера се одиграа првите два меча од четвртфиналето на Лигата на шампионите, денеска се закажани преостанатите два. На „Паркот на принцовите“ кај ПСЖ ќе и гостува на Астон Вила, која веќе направи многу со пласманот во четврт-финалето.
Две екипи во одлична форма и победничка серија влегуваат во меѓусебниот дуел.
Парижаните имаа неверојатно тешка работа во осминафиналето, но направија изненадување. Тие играа против Ливерпул и иако го загубија првиот натпревар во Париз со 1-0, успеаја да одговорат исто во реваншот и потоа да се пласираат во пенал рулетот.
Астон Вила е пријатно изненадување. Тие ја искористија поповолната ждрепка и без проблеми го елиминираа Клуб Бриж во осминафиналето.
Сега Астон Вила ја чека огромен тест и тоа ќе покаже колку е силна. ПСЖ има само еден пораз од крајот на ноември и тоа на првиот натпревар против Ливерпул. Во тој период забележа 28 натпревари без пораз и еден пораз. Астон Вила, пак, има осум победи во низа и бара да направи девет.
Вечерашниот дуел што ќе почне од 21 часот е прв меѓусебен на ПСТ и Астон Вила.
 
             
		