Ако се суди по прикажаното во првиот четвртфинален дуел на ПСЖ и Астон Вила, реваншот во Англија ќе биде исклучително интересен. Вечерва на „Паркот на Принцовите“ во Париз, ПСЖ со пресврт ја совлада Астон Вила со 3-1.

Францускиот шампион имаше повеќе од играта во првото полувреме. „Светците“ доминираа и создадоа неколку шанси за гол, но не ги искористија.

Казната стигна во 35.минута кога гостите од Англија поведоа со 1-0. По брзата контра од левата страна и одличното уфрлање на Тилеманс, на вистинското место беше Роџерс.

Сепак тоа не ги поколеба фудбалерите на ПСЖ. Само четири минути подоцна Десире Дуе со евро-гол го израмни на 1-1. Со тој резултат се замина и на паузата меѓу двете полувремиња.

Во второто само што почна третата минута, Кварацкелија на ефектен начин донесе пресврт и водство на Парижаните од 2-1.

И во продолжението домаќините доминираа, а Асто Вила се обидуваше од кантри да го загрози голот на Донарума.

И кога сите очекуваа крај на натпреварот во трета минута од судиското дополнение нова радост за Парижаните. По одличната акција од левата страна Дембеле со прецизен удар го совлада Мартинез и ги постави конечлните 3-1 за ПСЖ.

Иако францускиот првак создаде два гола предност, сепак патникот во полуфиналето на Лигата на шампионите, ќе дознаеме по реванш дуелот во Бирмингем, ќе се игра во вторник (15 април).