Еден од најголем фаворит за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите секако е екипата на Барселона. Но, таа улога шпанската екипа ќе мора да ја докаже во двомечот од четвртфиналето против Борусија Дортмунд.
Како и на почетокот на сезоната, Барса го игра најдобриот фудбал во Европа и би можела да ја заврши сезоната со четири трофеи, од кои највредниот секако би бил Лигата на шампионите. Борусија, пак, се обидува да го повтори чудото од минатата сезона кога неочекувано стигна до финалето. Овој пат ќе биде многу потешко, особено поради слабите игри што ги нудат.
Каталонците малку потешко ја елиминираа Бенфика, додека Борусија со пресвртот во Лил се пласираше меѓу осумте најдобри.
Барса сезонава веќе еднаш ја победи Борусија Д.
Барселона и Борусија Дортмунд досега се сретнале пет пати. Првите два дуели беа одиграни како дел од Суперкупот на УЕФА во 1998 година, а Барса излезе како победник.
Во 2019 година беа дел од истата група во Лигата на шампионите, а Каталонците повторно беа поуспешни на домашен терен, додека во Германија беше нерешено.
Последен пат се соочија сезонава во лигашкиот дел, а Барселона славеше на гостувањето во Дортмунд со 3:2 во многу возбудлив натпревар.


































