Младата женска фудбалска селекција на Македонија до 19 години, со пораз го заврши настапот во евро-квалификациите. Во последното, третото, коло од Б лигата (рунда 2), македонските фудбалерки загубија од Хрватска со 2-0.

Стела Весели во 13-тата минута го постигна водечкиот гол за Хрватките. Вториот гол го постигна Петковиќ во 74-тата минута.

Селекцијата на Хрватска, која беше и домаќин на овој турнир, како прво рангирана обезбеди пласман во следната фаза односно „А лигата“.

На избраничките на селекторот, Астрит Мерк завршија како второ пласирани со 4 бодови. Младите македонски фудбалерки славеа победа над Литванија (1-0) и одиграа реми со Ерменија (1-1).