Со комплетирањето на последното 22.мколо во Првата кошаркарска лига, познат и конечниот пласман на екипите. Со тоа познати се и сите екипи ќе разигруваат за титулата (плеј-оф) и оние за опстанок (плеј-аут).
Четвртфиналната рунда во плеј-офот ќе почне следниот викенд, а ќе се игра во три добиени натпревари. Дербито на оваа рунда е меѓу Работнички и Пелистер.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, одбраната на титулата ќе ја почне против Феникс кој последен обезбеди место во разигрувањето.
„Жешко“ ќе биде и на дуелите меѓу ТФТ и Чаир кои имаат и неславно минато во меѓусебните пресметки.
Тимот на Куманово, предводен од екс селекторот Марин Докузовски, ќе треба да потврди дека не случајно е хит на сезоната во своето дебитантско учество. Кумановци ќе ја имаат предноста на домашниот терен против гевгелиски Кожув.
ПЛЕЈ-ОФ 1/4 ФИНАЛЕ
(1) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС
(2) ТФТ – ЧАИР
(3) РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
(4) МКК КУМАНОВО – КОЖУВ
Четвртфиналната рунда се игра по принципот 2-2-1 (дома-гости-дома). Во полуфиналето вкрстуваат победниците од дуелите 1 и 4, односно 2 и 3.