Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) е поразена од селекцијата на Белорусија во контролен натпревар одигран во Анталија. Избраниците на селекторот Горан Станиќ, го загубија натпреварот со Белорусите со 1-3.
Противникот во текот на првото полувреме имаше повеќе од играта. Тоа резултираше со гол кој беше постигнат на истекот на 22-та минута. Во вториот дел македонските младинци тргнаа офанзивно во обид да стигна до израмнување. Сепак по една брза контра на противникот во 60.минута беше досуден пенаl за Белорусите кои го искористија и зголемија на 0-2.
Можност за намалување имаа црвено-жолтите во 65.минута кога по изведениот слободен удар топката заврши во гредата на противничкиот гол. Но веќе во 68-минута противникот постигна нов гол за водство од 0-3.
Почесниот гол за нашата репрезентација го постигна Кире Стојков во 73-тата минута.
Македонските младинци остануваат во турското летувалиште, каде во вторник (25 март) ќе играат уште еден контролен натпревар. Противник на избраниците на Станиќ ќе биде репрезентацијата на Азербејџан (18 часот).




































