Претстојниот период на фудбалски план е резервиран за националните селекции. Додека најдобрата репрезентација на Макеоднија ја очекува стартот на Мундијалските квалификации, неколку младински ќе имаат контролни натпревари.
Онаа до 21 година е во Анталија каде ќе ќе им се приклучи и репрезентацијата до 16 години. Избраниците на селекторот Драган Начевски, ќе спарингуваат со соодветните селекции на Русија и Таџикистан.
Првата контролна средба ја играме против Русија, на 23. март, со почеток во 13:30 часот. Вториот контролен меч го играме против Таџикистан, со почеток во 9. часот, на 25. март.
Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија.
Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча. Првиот дуел ќе се играат на 21 март (15 часот), а два дена подоцна ќе се одигра вторникот (12 часот).
За овие натпревари, селекторите Драган Начевски и Ерхан Селими ги повика следните фудбалери:
ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ У16 ГОЛМАНИ: Лука Грчевски Црвена Звезда, Србија Ринор Цека Шкендија Иван Стоилковски Работнички ОДБРАНА: Стефан Јордановски А.П. Брера Мелдин Аломеровиќ Слован, Словенија Давид Лиотоски Работнички Давор Јорданов Њу Старс Аријан Рамадани Шкендија Михаил Митревски Македонија Ѓ.П. Грегоријан Михајловски Сервет, Швајцарија Божидар Гогачевски Пелистер Алекса Јазагиќ Македонија Ѓ.П. СРЕДЕН РЕД: Сонер Ракипи Шкендија Андреј Цветковски Работнички Бленди Љачка Фенербахче, Турција Марко Мирчевски Охрид Фадиљ Исламовиќ Загреб, Хрватска Дејан Спасески Лече, Италија Горјан Петковски Македонија Ѓ.П. Лука Георгиевски А.П. Брера НАПАД: Коста Бошковски Вардар Васко Папалиски Парк Арда Иљазовски Б93, Данска Вулнет Амети, Шкупи | ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ У19 ГОЛМАНИ: Давид Илоски А.П. Брера Александар Балев Пелистер Павел Трајковски Македонија Ѓ.П. ОДБРАНА: Златко Радески Вардар Абдулах Аслани Лунгби, Данска Горазд Ристовски Црвена Звезда, Србија Давид Стојановски Браво, Словенија Лука Атанасовски Беласица Андреј Мурџески Вардар Назиф Цека Шкендија Игор Ристов А.П. Брера Емир Шаботиќ Вардар СРЕДЕН РЕД: Каменчо Андоновски А.П. Брера Луан Реџепи Конкордиа Базел, Швајцарија Ариф Локи ХБ Коге, Данска Албион Муслиу Шкендија Јасин Рушани Хамбург, Германија Игли Хасани Работнички Бојан Затуроски Охрид Лихнидос Адмир Љатифи Беса НАПАД: Стефан Младеновски Црвена Звезда, Србија Хисар Али Беса Анастас Арнаудовски Вараждин, Хрватска |