германскиот тим Борусија Дортмунд е петтиот што обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Популарните „милионери“ славеа со пресврт на гостувањето во Франција кај Лил со 1-2 и со вкупен резултат 2-3 минаа во следната рунда.
Иако домашниот тим на Лил поведе рано уште во петата минута со голот на Канаѓанецот, Дејвид, сепак не успеа да го искористи тоа.
Во вториот дел гостите од Дортмунд направија пресврт. Емре Џан од пенал во 56.минута и Алжирецот, Бенсебаини (65), беа стрелци на головите за победа на Борусија.
Противник на Борусија во четвртфиналето ќе биде шпанската Барселона. Покрај овој пар познато е дека Баерн Минхен и Интер ќе играат меѓусебно.
Кои ќе бидат два четвртфинални парови ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на последните три натпревари.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ
ЛИЛ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД 1-2 (1-1 прв натпревар)
АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД од 21 часот (1-2)
АСТОН ВИЛА – КЛУБ БРИЖ (3-1)
AРСЕНАЛ – ПСВ (7-1)