Кошаркарите на Феникс славеа важна победа со која направи исчекор кон пласман во плејофот.

Во натпревар од 19.коло на Првата лига, феникс како гостин го совлада директниот конкурент Гостивар со 89-75.

Во израмнетата прва четвртина двата трима се менуваа во водството, а ја добија скопјани со три разлика (23-26). Во вториот квартал, избраниците на Дервишевиќ одиграа многу подобро и остварија двоцифрена предност со која заминаа на одмор 43-54.

Имаше Феникс и +18 на почетокот на третиот период, па таквата предност се покажа како решавачка. Гостиварци постојано ја бркаа негативата, но се што сторија е да намалат на -8. Немаа сили домашните кошаркари против разиграниот противник, па на крајот Феникс заслужено триумфираше.

Со оваа, вкупно 10-та, Феникс се проби на осмото место на табелата со 29 бодови колку што имаат Работнички и Пелистер кои играа во овие моменти, односно Чаир кој е седми.