Младата женска фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години денеска ќе го игра првиот натпревар во квалификациите за Европско првенство.

На турнирот што се организира во Скопје, македонските фудбалерки за противнички ќе ги имаат врсниците од Молдавија и Словенија. Овие натпревари се во рамките на групата 6 од втората рунда на „Б“ лигата.

Натпреварите ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ.

Првиот меч е попладнево од 13 часот, а во него Македонија за противник ќе ја има Молдавија. За во недела (9 март) закажан е дуелот Молдавија – Словенија (13 часот). Последниот натпревар Макеоднија и Словенија ќе го играат на 12 март (среда) од 11 часот.