Фудбалерите на Арсенал само чудо може да ги елиминира од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Лондонскиот тим славеше убедлива победа на гостински терен против ПСВ во првиот меѓусебен дуел. Од Ајндховен, Арсенал на реваншот во Лондон донесе шест гола предност. Популарните „топчии“ славеа со 7-1.
Три гола гостите од Лондон постигнаа за половина час. Тимбер во 18-тата погоди за 0-1, а Нванери во 21-вата за 0-2, а Мерибо во 31-вата минута. Домаќините намалија во 43.минута преку Ланг од пенал.
На стартот на вториот дел за само две минути гостите постига уште два гола. Во 47.мата, Мартин Одергард беше четвртиот стрелец на гол за Арсенал. Веќе во следната 48-ма минута во листата на стрелци се запиша уште еден фудбалер. Белгиецот, Леандро Тросард погоди за 5-1. Голеадата ја комплетираа Одегард (73) со својот втор гол и Калафиори во 85-тата минута.
Во Дортмунд, Борусија го пречека францускиот Лил, во натпреварот што заврши без победник 1-1 . Адејеми во 22.минута беше стрелец на прекрасен гол за „милионерите“ за 1-0.
Во првиот денешен натпревар, гостинска победа со 3-1 славеше Астон Вила кај Клуб Бриж. Утре ќе се играат нови четири натпревари.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/8-ФИНАЛЕ
Вторник (4 март)
РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД 2-1
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ЛИЛ 1-1
ПСВ – АРСЕНАЛ 1-6
КЛУБ БРИЖ – АСТОН ВИЛА 1-3
Среда (5 март)
ФЕЕНОРД – ИНТЕР од 18:45 часот
ПСЖ – ЛИВЕРПУЛ од 21:00 часот
БАЕРН МИНХЕН – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
БЕНФИКА – БАРСЕЛОНА