Младата репрезентација на Македонија до 18 години им се реваншира на босанските врсници за поразот од пред два дена.
Македонија славеше со 1:0 против соодветната селекција на Бих во вториот контролен натпревар одигран денеска тренинг центарот „Петар Милошевски”.
На првата контролна средба, селекцијата на Босна и Херцеговина славеше победа со 3:1.
Избраниците на селекторот Капинковски одиграа многу подобар и поквалитетен натпревар во однос на прва меѓусебна средба. Извојуваа минимална победа буквално во последните минута од средбата.
Стрелец на победничкиот погодок на Македонија беше Хоџа во судиското дополнение (90+1).
Оваа генерација следниот месец, ќе игра на турнирот во Шкотска, против домаќинот и селекциите на Лихтенштајн и Романија.