Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да впишаа уште една победа во англиската Премиер лига.
Во заостанат натпревар од 15.коло, Ливерпул како гостин одигра 2-2 со градскиот ривал Евертон.
Дуелот одигран на „Гудисон Парк“ подобро започна за домашниот тим. Евертон поведе во 11.минута со голот на Бето. Сепак, лидерот на табелата Ливерпул брзо ја анулира негативата и преку МекАлистер во 16.минута израмни на 1-1.
Тоа беше и актуелниот резултат по првото полувреме. Во второто, Евертон постигна уште еден гол, кој не беше признат поради офсајд. Затоа пак оној на Мохамед Салах во 73.минута за Ливерпул беше регуларен па црвените поведоа си 2-1.
Евертон не се откажа и со сите сили се обидуваше да стигне до израмнување. Тоа им успеа на домаќините во седмата минута од судиското дополнение кога Тарковски погоди за 2-2
Натпреварот го одбележаа и немилите сцени и влегувањето на публиката на теренот, но за среќа се беше брзо расчистено.
Сега Ливерпул, кој е прв на табелата, има 57 бодови, седум повеќе од второ пласираниот Арсенал, а десет од Нотингем Форест кој е трет.