Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги дозна противниците во квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија. Македонските младинци ќе играат во Е групата против: Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија
Во првото коло избраниците на селекторот Горан Станиќ на гостински терен ќе се соочат со селекцијата на Полска. Првиот домашен натпревар го играме против топ фаворитот во групата, селекцијата на Италија.
Распоред на натпревари на Македонија(У21)
- коло: ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА 5.септември
- коло: МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 9.септември
- коло: МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА 10. октомври
- коло: ЦРНА ГОРА – МАКЕДОНИЈА 14. октомври
- коло: МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 13.ноември
- коло: МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА 18. ноември
- коло: ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 26.март 2026
- коло: ЕРМЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 31. март 2026
- коло: МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 1.октомври 2026
- коло: ШВЕДСКА – МАКЕДОНИЈА 5.октомври 2026