Битола треба да биде домаќин на младата фудбалска репрезентација на Македонија во дуелот против Италија.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во “Куќа на фудбалот” оствари средба со битолските и македонските фудбалски легенди.

Митко Стојковски, Тони Мицевски, Ванчо Мицевски и Сашо Здравевски, со Омерагиќ, разговараа за актуелните фудбалски состојби во Битола и регионот.

Од развој на младите до гордоста на Битола, ФК Пелистер, се до стадионот „Тумбе кафе” како база за младите македонски репрезентации.

Во соработка со градоначалникот на општина Битола, ОФС Битола и претседателот Златко Талевски, планот на ФФМ е Битола и “Тумбе кафе” да бидат домаќини на Македонија до 21 година.

Според објавениот распоред, македонските младинци првиот меч на домашен терен ќе го играат со Италија на 9 септември. Инаку квалификациите за ЕУРО 2027-ма, црвено-жолтите ќе ги почнат со гостување во Полска.