Новиот предводник на младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21), Горан Станиќ ќе има тешка задача во квалификациите за ЕП 2027-ма. 

Македонските младинци се во силна група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија. 

И покрај силната конкуренција селекторот Станиќ е оптимист, но истовремено и претпазлив. 

„Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни.

Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација.

Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалификации.

Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место.

Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија.

Квалификацискиот циклус ќе стартува следниот месец (март) и ќе трае се до октомври 2026 година.