Не знаеме за вас, но ние откако почнавме да типуваме тикет на колото во Златна Копачка од пред две седмици, никако да бидеме добитни. Можеби овој тикет е тој со кој ќе го скршиме малерот?

Еве и зошто:

Аталанта – Болоња – победа на Аталанта

Се игра само 90 минути за пласман понатаму, а домаќините освен добра форма ќе ги имаат и фановите на своја страна. Коефициентот за победа на тимот од Бергамо е одличен, па зошто да не го пробаме?

Халифакс – Флајд – 1+ во прво и 1+ во второ

Пониските дивизии на Англичаните се „Мека“ за голови, па затоа нашиот тип за овој натпревар оди 1+ во прво и 1+ во второ.

Ковентри – Лидс – ГГ

Лидс со крупни чекори го оди патот кон враќање во Премиер лигата следната сезона, но вечерва гостува кај Ковентри. Домаќините се незгоден противник, а добрата форма на Лидс освен голови во мрежата на Лидс, можеби ќе донесе и гол во сопствената мрежа.

Милан – Рома – 1-3 гола во прво и 1+ во второ

Милан со Консеисао игра отворен фудбал, напаѓачки, но освен што постигнува голови и прима во својата мрежа. Рома очекуваме да излезе затворено на Сан Сиро во четвртфиналето во Купот на Италија, но ран гол на домаќините ќе го направи овој натпревар многу поинтересен и полн со голови.

Њукасл – Арсенал – Тим 2 1+ во второ

Њукасл очекуваме дека ќе нападне со сите сили против Арсенал за пласман понатаму, но головите се очекуваат и на овој натпревар. Сепак, малку претпазливо, типуваме дека Арсенал ќе даде барем 1 гол во второ полувреме.

Питербороу – Челтенам – Т1 2+

Како што рековме, очекуваме многу голови на англиските пониски дивизии, па зошто да не и Т1 2+ на Питербороу кој редовно дома дава голови?

Вкупната добивка на овој тикет со 200 денари уплата е 4.430 денари, а можеш да го упатиш во било која Златна Копачка до 20:44 вечерва, бидејќи 1 минута подоцна започнува првиот натпревар од тикетот.

Среќно, па се читаме во петок повторно со нов тикет и се надеваме прв пат добитни.