Последниот натпревар од 14.коло во Првата машка кошаркарска лига наместо вчера се одигра денеска. Откако поради неисправноста на техничките уреди натпреварот МКК Куманово – Пелистер беше одложен, денеска тој се одигра.
На победа се радуваа домашните кошаркари на Куманово со 86-72.
Во првиот период домашните кошаркари беа подобри. Имаа избраниците на Докузовски и најголеми 12 поени предност, а на малата пауза заминаа со +10 (27-17). Во втората четвртина сосема поинаква слика. Гостите од Битола го кренаа нивото на одбрана што резултираше со само единаесет примени поени. Затоа пелистерци на полувреме заминаа со 10 разлика (38-48).
Во второто полувреме, односно третата четвртина, гостите беа оние кои не можеа да реализираат. Само седум поени во тој период уфрлија избраниците на Петровиќ, па кумановци го свртеа резултатот во своја полза (60-55). Во ист ритам продолжија домашните кошаркари кои во еден миг имаа и 13 поени предност. На крајот Куманово славеше со конечни 86-72.
Александар Радукиќ беше прво име на натпреварот и во победничката екипа. Тој дуелот го заврши со двоен ефект со 31 поен, 12 скокови, на кои додаде и седум асистенции. Урош Луковиќ постигна 19 поени (7 скокови), Тадиќ 12 поени (9 скокови), а Стојановски 10 поени за домаќините. Кај поразениот состав Никола Мишковиќ имаше 22 поени и 10 скокови, а Андрија Бојиќ 21 поени и 9 скокови.
Со овој епилог двата тима сега имаат ист „скор“ 9 победи и по 5 порази, како и екипата на Кожув. Трите тима се од третото до петтото место на табелата зад МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ кои имаат по две победи повеќе.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 14.КОЛО
Денеска
МКК КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 86-72
претходно одиграно
МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ 75-53
ФЕНИКС – ВАРДАР 81-66
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 64-65
КОЖУВ – ТФТ 75-76