Со двата натпревари одиграни вчера во кои победи остварија ТФТ и Чаир, започна вториот дел во Првата машка кошаркарска лига.
Денеска на програмата се преостанатите четири натпревари од 13.коло, а последниот е дербито во Скопје.
Во СЦ „Јане Сандански“ закажан е дуелот на двата тима кои минатата сезона се бореа за трите трофеите. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го пречекува битолски Пелистер. Двата тима имаат ист ефект (9:3) во досегашниот дел од сезоната, а една победа помалку од ТФТ. Во последниот меѓусебен дуел во Битола, минимална победа со 68-67 забележа Пелистер, што само потврди дека дуелите на овие екипи ќе бидат неизвесни и израмнети.
Битолчани изминатите денови излегоа со низа на соопштенија барајќи регуларни услови за игра. Во последното (вчерашното) зелено-белите најавија дека нема да играат, ако условите не се исполнети.
СЦ „Јане Сандански“ важи за најмодерниот спортски објект во државата, па речиси несфатливо би било услови во овој објект да нема. Но, „никогаш не вели никогаш“, па затоа останува да видиме дали дербито ќе стартува во предвоениот термин од 18 часот.
Инаку денешната програма ќе почне со натпреварот Работнички – Шкупи од 13 часот. Потоа ќе се играат и дуелите во Тиквеш – МКК Куманово и Вардар – Кожуф ви терминот од 17 часот.