Првиот месец во новата година, навидум е поскромен со спортски настани, барем што се однесува до љубителите на спортот во Македонија.
Но и јануари носи нови спортски возбудувања. Месецот ќе мине во знакот на ракометот.
Во преден план секако е новиот настап на машката сениорска репрезентација на Македонија на претстојното СП во Хрватска, Норвешка и Данска. До стартот на шампионатот остануваат уште 10 дена, а до првиот настап на Македонија 11.
Сепак пред ракометарите, на терените се враќаат кошаркарите. Прволигашите ја продолжуваат сезоната неколку дена порано. Викендот на 11 и 12 јануари ќе се играат натпреварите од 13-тото коло.
Седум дена подоцна на 18 и 19 јануари, ракометарките на Чаир ќе имаат нови настапи на европската сцена. Чаирчанки пред својата публика во Скопје, ќе ги играат двата натпревари од осминафиналето на ЕХФ Купот. На патот до место меѓу осумте најдобри ќе им строи португалската екипа Колехио Де Гаија.
Последниот викенд во месецот, ќе стартува и продолжението на кошаркарската Втора лига.
на меѓународен план, покрај стандардните зимски спортови, во фокусот ќе бидат тенисот и фудбалот. Во Мелбурн, од 12 до 26 јануари ќе се игра првиот годинашен Грен слем тениски турнир Австралија Опен. Фудбалските возбудувања што ги носи елитната Лига на шампиони продолжува на 21 и 22 јануари.