Најдобриот тим на западот во НБА лигата, Оклахома Сити ја забележа 11-та победа по ред. Целосно беше надигран Мемфис, кој едноставно немаше шанси. Веќе на полувремето имаше 25 разлика и победникот веќе беше решен, а на крајот резултатот гласеше 130:106.

Шаи Гилгеус-Александер со 35 поени беше прв стрелец во победничкиот тим за кој Аџеј Мичел постигна 17, а Арон Вигинс 16 поени.

Индијана по втор пат сезонава ги изненади шампонот Бостон. Првпат славеше по продолжение, па пред два дена настрада загуби со 37 разлика, а ноќеска победи со со 123:114 среде Бостон.

Тајрис Халибартон имаше одлична вечер со 31 поен и седум асистенции, додека Паскал Сијакам и Ендрју Нембхард додадоа по 17.

За Бостон, Џејлен Браун постигна 31 поен, а Џејсон Тејтум 22 поени и девет скока, но тоа не му помогна на шампионот да го избегне деветтиот пораз.

Неизвесен натпревар одиграа Хјустон и Мајами, а го добија гостите со 104:100. Тајлер Херо постигна 27 поени со девет асистенции, а младиот Србинот, Јовиќ додаде 18 поени и седум скока.

Натпреварот го одбележа и тепачката во финишот во која учествуваа повеќемина играчи.

Младиот Французин, Виктор Вембањама одигра уште еден брилијантен натпревар. Тој постигна 34 поени на кои додаде осум скока, но тоа не беше доволно Сан Антонио да слави победа. Спарси загубија на гостувањето кај Минесота со 110:112.