Во Првата машка кошаркарска лига денеска ќе се одиграат два натпреварите од последното 11-то коло во есенскиот дел.

Дербито на оваа рунда е во Битола каде вицепрвакот Пелистер го пречекува водечкиот тим на табелата ТФТ.

Битолчани веќе го завршија настапот на АБА2 лигата и сега целосно ќе се насочат кон домашните обврски. Тие заедно со МЗТ Скопје, Чаир и Работнички се на делба од третото до шестото место на табелата. Пред овие четири тима е МКК Куманово кој вчера славеше над Вардар со бод повеќе, а ТФТ кој е лидер има два повеќе. Затоа овој дуел како и попладневниот во Гевгелија во кој Кожув кој е седми, а го пречекува Работнички, може да донесе до нови промени на табелата.

Дуелот во Битола почнува точно на пладне (12.00 ч.), а оној во Гевгелија од 17 часот.

Двата натпревари можете да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 11.КОЛО

Сабота
12.00 ПЕЛИСТЕР – ТФТ
17.00 КОЖУВ – РАБОТНИЧКИ
Недела
17.00 ГОСТИВАР – ЧАИР
18.00 ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ
19.00 ФЕНИКС – ШКУПИ
Петок
МКК КУМАНОВО – ВАРДАР