Македонскиот вице-првак Пелистер го претрпе и четвртиот пораз во АБА2 лигата.

Вечерва на гостувањето кај Широки Бријег, пелистерци загубија со 93-73.

Зелено-белите беа рамноправен противник само во првата четвртина по која заостана еден поен (24-24). Веќе по втората негативата беше двоцифрена -14 (53-39). Во второто полувреме уште полоша игра на битолчани па Широки имаше и над 20 разлика. На крајот босанската екипа славеше со 20 поени разлика (93-73).

По овој убедлив пораз јасно е дека Пелистер настапот во АБА2 ќе го заврши по групната фаза.

Само теорија, која е во рангот на „научна фантастика“ може да го смени тоа! Но за такво нешто потребно е во последниот натпревар против Подгорица победа со огромна разлика над 60 поени. Воедно и тимот на Широки ќе треба да загуби од српската екипа Џокер во последното коло.

Вечерва и шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе игра натпревар против црногорскиот Теодо на гости во кој аеродромци ќе мораат да победат.