Ракометарите на Вардар вечерва ќе го играат претпоследниот натпревар на европската сцена. Вардарци гостуваат на Исланд кај Валур во меч од 5.коло на „Ф“ групата во Европската лига.

Исландскиот тим кој лани го освои Европскиот Куп е единствениот што Вардар успеа да го совлада. Тогаш во дуел од 1.коло во Скопје црвено-црните славеа убедливо со 33:26.

Секако дека тоа, но и дебито на новиот тренер Аргентинецот, Гиљермо Милано, ќе биде мотив повеќе вардарци да се прикажат во најдобро светло. Ќе се обидат црвено-црните да стигнат до втора победа и да ја израдуваат својата верна публика.

Секако дека и денешниот тим има свој мотив пред своите симпатизери да ја оствари првата победа. Валур на изминатите четири натпревари претрпе три порази и освои само бод против Порто.

Влогот во овој дуел е голем бидејќи само со победа и двата тима остануваат во игра за втората позиција што води во плејофот. Но да се оствари тоа германскиот Мелсунген кој досега има максимални 4 победи ќе мора да го совлада Порто во вториот меч од оваа група.

Мелсунген кој има 8 бодови, веќе си обезбеди место во разигрувањето. Порто е на 2.,место со 5 бода, Вардар трет со 2, а Валур има само 1 бод.

Двата натпревари ќе се играта во вечерниот термин од 20.45 часот.
Дуелот Валур – Вардар може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк).