Кошаркарите на Пелистер попладнево ќе го играат четвртиот натпревар во регионалната АБА2 лига. Битолчани гостуваат во Самобор кај тимот на Џокер. Оваа екипа чиј сопственик е НБА ѕвездата Никола Јокиќ, е најпријатното изненадување.

Пелистерци имаат само една победи на претходните три натпревари, и веќе заостануваат зад Џокер за две, односно Подгорица една помалку. Затоа императив за зелено-белите е победа на денешниот меч, доколку сакаат да ги сочуваат шансите за едно од двете места што водат во плејофот.

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ ќе имаат тешка задача бидејќи противникот досега се покажа во одлично светло. Џокер славеше на дуелот во Битола со четири поени разлика (77-81), па и тоа може да биде решавачко.

Во тимот на Пелистер повторно ќе недостасува искусниот Андрија Бојиќ кој требаше да ја засили играта под обрачите.

Мотив кај македонскиот вицепрвак секако дека има, но дали тој ќе биде доволен за конечен успех останува да видиме по натпреварот што ќе почне од 18 часот.