Со натпреварот одигран попладнево во СЦ „Кале“ меѓу Работнички и ТФТ комплетирано е 6.коло во Првата машка кошаркарска лига.
Екипата на ТФТ и по шестиот меч останува единствената не поразена. Составот од Тафталиџе до својата шеста победа стигна совладувајќи го Работнички со 85-77.
Во првото полувреме тимот на ТФТ имаше и 11 поени предност, во втората четвртина, но на пауза заминаа со +1 (39-38). И во третиот период се играше израмнето се до 28.минута кога ТФТ направи серија од 7-0 и го затвори периодот со +6 (66-60). Избраниците на Самарџиев не размислуваа за предавање, па во 34.минута стигнаа до израмнување 71-71. Сепак немаа сили црвено-белите за комплетен пресврт па ТФТ славеше со конечни 85-77.
Американците, Гринли со 24 и Говенс со 19 поени беа први стрелци во победничката екипа. Кај поразениот Работички, Ѓуровски заврши со 25, а Ефремовски со 12 поеин.
Со оваа победа ТФТ се врати на врвот на првенствената табела со максимални 12 бода, еден повеќе од Чаир и Пелистер. Тимот на Работнички кој е на 5.место има 10 бодови како и лутиот ривал МЗТ Скопје Аеродром кој е четврто пласиран.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 6.КОЛО
денеска
РАБОТНИЧКИ – ТФТ 77-85
Претходно одиграно
МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 96-90 (85-85)
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 110-93
ЧАИР – ВАРДАР 104-80
КОЖУВ – МКК КУМАНОВО 82-74
ШКУПИ – ТИКВЕШ 84-82
ТАБЕЛА: ТФТ 12 бодови, Чаир 11, Пелистер 11, МЗТ Скопје Аеродром 10, Работнички 10, Кожув 9, Гостивар 8, Тиквеш 8, МКК Куманово 8, Шкупи 8, Феникс 7, Вардар 6.