Екипата на Спортинг Лисабон го направи најголемото изненадување во денешните дуели од 4.коло во Лигата на шампионите. На дуелот во Лисабон, Спортинг го совлада Манчестер Сити со 4-1
Иако англискиот првак поведе прв уште во 4.минута со голот на Фоден, во продолжение следуваше комплетен пресврт. Фудбалерите на Спортинг уште во првиот дел постигнаа три гола и создадоа голема предност. Во второто полувреме (69.минута) Ханалн промаши пенал, а казната стигна во 81-та со третиот гол на Швеѓанецот., Ѓокерес.
За Спортинг ова беше третата победа со која е на второто место зад Ливерпул.
A, на „Енфил“, Ливерпул го совлада германскиот првак Баер Леверкузен. Головите беа постигнати во второто полувреме. Два гола постигна Луси Дијаз (61 и 83.минута), а во листата на стрелци се запиша и Коди Гапко (65).
На дербито во Мадрид, фудбалерите на Милан славеа над актуелниот шампион Реал со 3-1.
Тимот на Лил освои голем бод во дуелот со Јувентус, а до тешки бодови стигна Борусија која во Дортмунд славеше над Штурми минимално со 1-0.
Екипата на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, Лајпциг загуби убедливо на гостувањето во Глазгов од Селтик.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 4.КОЛО
ЛИВЕРПУЛ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 4-0
РЕАЛ МАДРИД – МИЛАН 1-3
ЛИЛ – ЈУВЕНТУС 1-1
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – МАНЧЕСТЕР СИТИ
СЕЛТИК – РБ ЛАЈПЦИГ 3-1
БОЛОЊА – МОНАКО 0-1
БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ШТУРМ ГРАЦ 1-0
ПСВ – ЏИРОНА 0-4
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – ДИНАМО З. 1-4