Ракометарите на Вадар вечерва во Португалија ќе го играат третиот натпревар во ЕХФ Европската лига.

Како и минатиот вторник и овојпат вардарци за противник го имаат тимот на Порто. Првиот меч во Скопје, португалскиот тим го доби со четири голови разлика 22-26.

Со подобрен здравствен билтен и искуство повеќе од првиот меѓусебен дуел, вардарци влегуваат во вечерашниот меч.

Воедно црвено-црните сега ќе бидат предводени од македонската легенда Стојанче Стоилов, која ќе ја и а улогата на прв тренер. Ваквата улога и одговорност Стоилов ја доби откако спогодбено беше прекината соработката со Владо Недановски.

Сигурно дека Стоилов за краткиот период неможе драстично тактички да смени во играта, но да ги мотивира ракометарите и тоа како знае и умее. Ќе биде ли таа мотивација доволна за поволен резултат и освојување на бод-два останува да се види.

Вечерашниот дуел од „Ф“ групата меѓу Порто и Вардар ќе почне од 20.45 часот. Во истиот термин ќе стартува и вториот натпревар од оваа група меѓу Валур и Мелсунген.

Германскиот Мелсунген е лидер на табелата со максимални 6 бодови, пред Порто со 3, Вардар кој има 2 и Валур со 1 бод.