Двете сениорски одбојкарски репрезентации на Македонија и следната година (2025-та) ќе играат во силните европски лиги.
Машката трета година во низа ќе биде дел од Златната Европска лига. Ова откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до ЦЕВ за учество во новото издание.
Машката репрезентација од 2014 година константно е дел од натпреварувањата на ЦЕВ. Досега нашите одбојкари има освоено четири бронзени и два сребрени медали.
Извршниот одбор на Федерацијата, даде „зелено светло“ и за учество на женската репрезентација во Сребрената Европска лига 2025.
Нашите најдобри одбојкарки втор пат ќе бидат дел од ова натпреварување, откако лани 2023-тата го имаа дебито.
Натпреварите во двете конкуренции се во периодот мај и јуни следната година.
За двете наши репрезентации тие ќе претставуваат генерална проба во пресрет на реванш фазата од евро-квалификациите, кои ќе се играат во август 2025 година.