Во реприза на ланското финале во Лигата на шампионите, а сега во 3.коло од групната фаза, Реал Мадрид повторно беше подобар од Борусија Дортмунд.

Иако „Милионерите“ по првото полувреме водеа со 0-2, сепак на крајот претрпеа голем пораз. Играч на натпреварот беше Винициус Џуниор кој со хет-трик го реши натпреварот.

Во првиот дел и не делуваше Реал толку моќно и доминантно како што наведува резултатот. Дортмунд на полувреме замина со предност од 2:0 со головите на Мален во 30.та минута и на Џејмк Гитенс во 34.та минута.

„Жолтиот Ѕид” делуваше како добро да ги брани налетите на Реал, но со головите на Рудигер во 60.та минута и голот на Винициус 62.та минута Реал дојде до израмнување. Лукас Васкез го сврте натпреварот потполно на 3:2 во 83.та минута. Винициус во 86.та и 93.та минута го комплетираше својот хет-трик.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра 80-тина минути во победата на Џирона над Слован Братислава. Миовски влезе во 24.минута на местото на повредениот Мартин. За Џирона и Миовски ова беше прва радост во елитното натпреварување.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3.КОЛО (вторник)

Реал Мадрид – Борусија Дортмунд 5-2
Џирона – Слован Братислава 2-0
Јувентус – Штутгарт 0-1
Арсенал – Шахтјор 1-0
Астон Вила – Болоња 2-0
ПСЖ – ПСВ 1-1
Штурм Грац – Спортинг Лисабон 0-2
Милан – Клуб Бриж 3-1
Монако – Црвена Звезда 5-1