Ракометарите на Вардар се пред најважниот натпревар во групната фаза од ЕХФ Европската лига. Утрешниот дуел против Порто на домашен терен едноставно мора да се добие, едногласни се во таборот на вардарци.
Марио Танкоски вели дека нема да биде лесно, но се надева дека „Јане Сандански“ ќе остане неосвоива „тврдина“ за противниците.
„Нè очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на.
Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел.
Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи.
Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“,
изјави Танкоски.
Средбата Вардар – Порто е закажана за утре (вторник) со почеток во 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.