Македонскиот вицепрвак Вардар утре ќе го одигра третиот натпревар во ЕХФ Европската лига.
Во СЦ „Јане Сандански“ вардарци го пречекуваат тимот на Порто.
Ова е натпревар од „Ф“ групата во која Вардар со победа и пораз на 2.место, а Порто е трет со бод помалку.
Затоа од огромна важност бодовите да останат во Скопје, како вардарци би ја задржале позицијата што води во разигрувањето.
„Целосно сме фокусирани за овој натпревар.
Порто е одличен тим кој со години настапуваше во Лигата на шампионите. Знаеме дека нема да биде лесно.
Свесни сме колку е значаен овој дуел, затоа нема штедење, единствена опција е победа“,
изјави Владо Недановски тренерот на вардарци.
Недановски се соочува со проблеми околу ростерот и неколкумина повредени играчи.
Неизвесен е и настапот на Вуко Борозан, која имал несекојдневна случка.
Како што информираше Недановски, црногорскиот бек бил нападнат од глутница кучиња и заврши во болница, каде заработи конци.
Утрешниот дуел меѓу Вардар и Порто ќе се игра во вечерниот термин од 20,45 часот.
Во вториот натпревар од оваа група водечкиот Мелсунген е домаќин на Валур.