Ракометарите на Вардар гостуваат во Германија кај тимот на Мелсунген во вториот натпревар од новата сезона на ЕХФ Европската лига.
Вардарци имаа фантастичен старт на европската сцена, совладувајќи го исландскиот Валур убедливо со седум голови разлика. Сакаат вардарци да потврдат дека тоа не беше само еден добар ден, туку дека имаат квалитет за ова натпреварување.
Задачата нема да биде ни малку лесна бидејќи и Мелсунген покажа дека е врвен тим. Екипата предводена од Гарсија Парондо во првата рунда славеше на гостувањето кај Порто (29-29). Покрај шпанскиот стратег во редовите на германскиот тим настапуваат и екс вардаровците Рожерио Мораеш и Даинис Кристопанс.
Мелсунген игра одлично и во Бундес лигата, а е една од трите екипи кои досега има „скор“ од 5 победи и по 1 пораз.
Брзиот и цврст ракомет ја краси германската екипа, но упорноста и борбеноста вардаровиот.
Чија желба или чија тактика ќе биде поуспешна на крајот останува да видиме по натпреварот што ќе се игра во терминот од 18.45 часот.
Ова е натпревар од групата „Ф“ во која вечерва ќе играат Валур и Порто (20.15 часот).