Македонскиот вицепрвак Пелистер го претрпе првиот пораз во новата сезона на АБА2 лигата. Битолчани во натпревар од 2.коло на „Ц“ групата загубија на гостувањето кај Подгорица со 79-90.
Иако одиграа доброи три четвртини кои ги добија, сепак во последната се фрлија во вода. Водеа зелено-белите во поголемиот дел од натпреварот, а има и најголеми девет поени предност во првото полувреме. Последната четвртина со постигнат кош ја стартуваа со +8 , но тоа не беше доволно да се изборат за победа.
Откако пелистерци водеа со 75-68, следуваше црната серија без постигнат кош речиси седум минути. Противникот направи серија од 13-0 и го сврте резултатот. Знаеше како црногорската екипа да го искористи моментот и да го приведе натпреварот во своја полза. Подгорица на крајот славеше со конечни 90-79.
Бадијала не крајот беа 24-те поени (и осум скокови) на Едвардс кој беше прв стрелец во редовите на Пелистер, но и на натпреварот. Мишковиќ со 11 поени (9 скокови) и Антоан со 10 поени беа останатите двајца играчи на битолчани со двоцифрен број на поени.
Следниот натпревар во АБА2 лигата, Пелистер ќе го игра пред своите симпатизери во Битола на 30 октомври против српската екипа Џокер.