Младата фудбалска репрезентација на македонија го претрпе петтиот пораз во квалификациите за ЕП 2025-та.
На гостувањето во Алмере, Македонија е убедливо поразена од домаќинот Холандија со 5-0.
Победата домаќините ја најавија уште во третата минута. По одличната акција со неколку прекрасни додавања, Регер беше „егзекутор“ за 1-0 за Холандија. По големата грешка на голманот Алчевски, во 22-минута Охио зголеми на 2-0.
И во второто полувреме младите Холанѓани беа оние кои ја контролираа играта и напаѓаа. Тоа резултира со уште три голови во мрежата на Алчевски.
Два гола постигна Манхоеф (61 и 69.минута), а до втор погодок стигна и Регер (оној што го отвори резултатот).
За Холандија ова беше осмата победа во исто толку одиграни натпревари, а Македонија со два триумфи (пет порази) останува претпоследна.
Зад нас е само селекцијата на Гибралтар против која македонските младинци ќе играат во понеделник (9 септември – 13 часот).